Дома Останати Ракомет Македонското знаме развеано во германски клуб по повод „Денот на независноста“ 📸

Македонското знаме развеано во германски клуб по повод „Денот на независноста“ 📸

Македонскиот ракометен ветеран Игор Тоскоски и на 42 години брани успешно во редовите на ХСВ Аполда од Германија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата година Тоскоски го продолжи договорот со Аполда, тим каде што брани и е тренер. И покрај годините Тоскоски редовно брани на голот на германскиот нисколигаш, а договорот кој го потпиша има важност до наредната година.

Токму во негова чест по повод „Денот на независноста“ во неговиот клуб беше развеано македонското знаме со кое се фотографираа и останатите членови на тимот.

Тоскоски беше дел до тимот на Пелистер кој ја освои последната двојна круна во сезоната 2004/2005. Во Пелистер го делеше голот со имиња како Петар Ангелов (Диви), Никола Митревски, Марјан Андонов, Стефче Стефановски, Шандор Ходик, Виктор Горбах, Дамјановиќ, Петар Мисовски, Чаневски…

Покрај Пелистер го носеше дресот уште на Слога Добој и Доукас од Грција со кој освои двојна круна. Под водство на Гино Стрезовски два пати добиваше повик во репрезентацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…