Дома Македонски спорт Македонските репрезентативци во граплинг, во Србија од 47 тимови го освоија четвртото место

Македонските репрезентативци во граплинг, во Србија од 47 тимови го освоија четвртото место

Борачите на македонската репрезентација, составена од членови на „Д Стронгест & РООТС БЈЈ”, на меѓународен турнир во граплинг во Србија освоија два златни и два сребрени медали, и се пласираа на четвртото место на табелата.

„На силниот меѓународен турнир во граплинг, ADCC Serbia 2021 кој вчера се одржа во Ковин, по пауза од година и нешто, нашата репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со шест натпреварувачи (двајца за прв пат настапија на ваков меѓународен турнир). Членовите на нашиот клуб се покажаа во право светло. Тројца натпреварувачи од осум борби, добија седум борби и освоија два златни медали и еден сребрен медал – изјавија од клубот „Д Стронгест & РООТС БЈЈ”.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Даниела Алексовска и Ева Илиевска освоија два златни медали, а Марко Петровски и Ане Цветковска освоија два сребрени медали. Алексовска со своите 15 години и 47 кг. настапи во категорија за девојки од 15 до 18 години и тежинска категорија до 60 кг.. Но и покрај што се бореше со потешки и постари противнички, полифиналната и финалната борба ги доби со зафат и го освои првото место. Илиевска во напредната категорија во своите две борби доминираше и двете борби ги доби заслужено и го освои златниот медал. Петровски се бореше во силна конкуренција на скоро дваесетина натпреварувачи, победи во три борби, а финалната борба на продолжение изгуби на поени од противник кој беше еден од најквалитетните натпреварувачи на овој силен меѓународен турнир” – додадоа од клубот од Кисела Вода.

За македонската репрезентација настапија натпреварувачи од  Скопје, Охрид и Куманово, кои во конкуренција од 47 силни тимови, од САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка и други држави го освоија четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…