Дома Македонски спорт Македонија У21 на „Билјанини извори“ по цена од 150 денари

Македонија У21 на „Билјанини извори“ по цена од 150 денари

На денешната седница на У.О. на ФФМ беше утврдена цената на влезниците и за натпреварот на македонската репрезентација до 21 година против Србија во Охрид на „Билијанини извори“ од квалификациите за ЕП 2023.

Билет за натпреварот во Охрид меѓу младите селекции на Македонија и Србија ќе чини 150 денари.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Капацитетот на стадионот, исто така е органичен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи.

МАКЕДОНИЈА до 21 година – СРБИЈА до 21 година

Охрид, стадион „Билјанини извори, 07. септември 2021., 16:00 часот

Влезници по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MKTickets

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Не се однесува на лица под 18 годишна возраст. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…