Дома Македонски спорт Македонија У21: Канатларовски го објави списокот за Ерменија и Малта

Македонија У21: Канатларовски го објави списокот за Ерменија и Малта

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на средина на месец јуни во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Ерменија и Малта.

Двете пријателски средби, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17:00 часот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Првиот контролен меч го играме против селекцијата на Ерменија на 15. јуни, а пет дена подоцна е втората контролна пресметка против репрезентацијата на Малта.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски повика вкупно 25 фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);

Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);

„Овие две контролни средби против  Ерменија и Малта доаѓаат во еден незгоден момент, кога сезоната завршува и играчите привршуваат со клубските обврски. 

– Нема да има големи промени во состав во однос на претходните собири. Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност,одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија.

– Во составот се враќаат Алекс Златков од Шкупи и Луан Абази од Вил, кои поради повреди во своите клубови на минатиот собир не беа во можност да се стават на располагање на репрезентацијата.

– Димитар Трајков, фудбалерот на Академија Пандев, роден 2004 година со своите игри во последно време на клупско ниво и постигнатите 6 погодоци заслужи да биде повикан на овие два контролни натпревари против Ерменија и Малта. Се работи за фудбалер кој игра на крилната позиција и покажува одличен квалитет.

-Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари. Ова се последни подготовки, очекувам сите поставени задачи од мене и стручниот тим да бидат исполните, особено во тактичкиот дел од играта.

-Оваа репрезентација покажа голем квалитет и голема разновидност во самата игра. Очекуваме многу од оваа генерација, играчите се свесни и подготвени да го дадат максимумот за остварување на успех на претстојните квалификации“, изјави селекторот Канатларовски.

Натпреварите против Ерменија и Малта ќе бидат последни проверки за нашите млади фудбалери пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…