Денес репрезентацијата до 19 години на Македонија го одигра првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На натпреварот кој се играше во Ѓорче гостите забележаа победа од 0:1. Единствениот гол на натпреварот беше дел од Алдин Мусовиќ во 65. минута од натпреварот.
Иако изгубија нашите надежи не беа лоши во овој дуел. Пропуштивме две големи прилики преку Максимов и Стаковски. Во финишот од натпреварот Црна Гора остана со играч помалку откако исклучен беше Игор Пријовиќ.
Во четврток ќе го играме и вториот контролен натпревар против истиот противник. Терминот е од 11:00 часот.