Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија У-19 ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2020 година

Македонија У-19 ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2020 година

На квалификациите кои неодамна беа завршени македонската репрезентација до 19 години малку недостасуваше да се пласира на ЕП 2019 година кое ќе се одржи во Ерменија.

Во нашата квалификациска група завршивме на третата позиција зад Чешка и Хрватска, репрезентации со кои одигравме нерешено, додека славевме победа на Луксембург.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се добија групите за новите квалификации за Европското првенство кое во 2020 година ќе се одржи во Северна Ирска.

Македонските фудбалски надежи се најдоа во 11-тата група каде што друштво ќе ни прават, Англија, Босна и Херцегодина и Луксембург.

Квалификациските натпревари ќе се одиграат од 13-ти до 19-ти ноември 2019 година во нашата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куманово објави видео од случувањата во Арачиново: Луѓе, во Македонија сме или во Колумбија?!

Изминатиот викенд во кој немаше прволигашки фудбал поради репрезентативната пауза на макед…