Македонската сениорска боксерска репрезентација од денеска до 21 април ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Белградски победник 2019 – меморијал Бранко Пешиќ“. Нашиот национален тим ќе го претставуваат четворица боксери.
На турнирот ќе настапат Џан Демиров во категоријата до 52 кг, а потоа Јасим Љама во категоријата до 60 кг, Гоце Јанески ќе се натпреварува во категоријата до 69 кг и Арсим Етеми во категоријата до 75 кг. Репрезентацијата ја предводат селекторот Петре Чурлинов и тренерот Ристе Мицевски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Квалификациите започнуваат денеска во салата „Пинки“ во Земун, финалните борби ќе се одржат во салата „Шумице“ на Вождовац на 20 април.
На овој престижен турнир со долга традиција, ова е 57. издание, ќе настапат боксери од 100 земји од целиот свет, покрај боксерите од Македонија ќе учествуваат и репрезентации од Русија, Шкотска, Канада, Полска, Германија, Франција, Хрватска…