Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија се радуваше среде Солун!

Македонија се радуваше среде Солун!

Maкедонската ракометна репрезентација славеше победа над Грција во вториот пријателски натпревар со 23:22. Слично како и во претходниот натпревар во кој немаше победник и во овој видовме драматична завршница.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонија започна подобро, со благо водство во првото полувреме, но Грција не дозволи да имаме поголема предност. Поголемиот исчекор Македонија го направи во последните десетина минути од првиот дел кога поведовме со 12:8.

Грција постигна два гола, па на пауза се замина со 10:12. Во почетните минути од второто полувреме Македонија добила две исклучувања во исто време и Грција изедначила на 14:14.

Резултатот бил тесен до последните десет минути од првиот кога Македонија стигнала до предност со 20:17. Грција влегла во одлична завршница, но на крајот Македонија сепак се изборила за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…