Дома Останати Ракомет Македонија по 10 години нема претставник: ЕХФ ги објави добитниците на вајлд карти за ЛШ

Македонија по 10 години нема претставник: ЕХФ ги објави добитниците на вајлд карти за ЛШ

Денес Европската ракометна федерација ги објави клубовите кои добија вајлд-карта за новата сезона во Лигата на шампионите.

После цели 10 години Македонија ќе биде без свој претставник во европската елита. Ќе потсетиме Вардар го загуби обезбеденото место поради долгови од претходното раководство.

Македонија без претставник последен пат беше во сезоната 2010/2011, тогаш Металург не ги помина квалификациите. Место во ЛШ обезбедија: ГОГ, Барселона, Пари Сен Жермен, Магдебург, Кил, Пик Сегед, Кјелце, Порто и Динамо Букурешт.

Добитниците на вајлд картите се: ППД Загреб, Алборг, Нант, Веспрем, Елверум, Висла Плоцк и Целје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…