Тениската репрезентација на Македонија денес првпат загуби во четвртата евроафиканска зона во Дејвис Купот, денес Сан Марино славеше против нас со 1:2.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот се реши во двојки во кои Де Роси и Стефано Галвани беа подобри од Стефан Мицов и Калин Ивановски. Сан Марино можеше да биде поразен затоа што Галвани се повреди и беше повикан медицински тајм-аут, сепак тој издржа и запиша победа.
Во сингл натпреварите Ивановски го победи Галвани, додека Горзад Србљак изгуби од Марко де Роси.
Претходно нашата репрезентација ги победи Андора и Косово.