Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија останува на 65-то место на ФИФА ранг-листата

Македонија останува на 65-то место на ФИФА ранг-листата

Денеска Светската фудбалска федерација ја објави најновата ранг-листа и нема промени за македонската репрезентација.

Имено, македонската машка фудбалска репрезентација и понатаму е на 65-то место на ФИФА ранг-листата, а тоа е нормално бидејќи немавме ниту еден настап изминатиот месец.

И понатаму Македонија има 1.362 поени, а во март ќе стартуваат квалификациите за Светското првенство со дуелите против Романија, Лихтенштајн и Германија. 

Прва и понатаму е Белгија, а во Топ 10 влегуваат уште Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МКД Мастерс четврти во Куманово, трофејот замина во Котор

Македонскиот домаќин заврши меѓу најдобрите четири екипи на ветеранскиот ватерполо турнир …