Фудбалската репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги добие ривалите во новата сезона од Лигата на нациите на УЕФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија која во последното издание беше дел од сегментот „Ц“, таму ќе остане и за следното издание на ова репрезентативно натпреварување, во друштво на Фарски Острови, Словачка и Северна Ирска.
Лигата на нации 2024/2025 ќе почне со прозорецот 2-10 септември 2024, ќе се игра и на 7-15 октомври, а групната фаза ќе заврши на 11-19 ноември. Потоа на 17-25 март 2025 ќе се играат четврфинални натпревари од Лигата А, со оглед на тоа што од оваа сезона двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе одат во нокаут фазата.