Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија доби нов ракометен клуб – РК Алкалоид: Партнер на клубот е брендот „КЛ7“

Македонија доби нов ракометен клуб – РК Алкалоид: Партнер на клубот е брендот „КЛ7“

Денес македонскиот ракомет доби нов проект – РК Алкалоид!

Алкалоид важи за една од најдобрите компании во Македонија и на Балканот, а сега формира спортски колкетив кој ќе се натпреварува во Првата македонска лига. Тимот ќе се потпира на млади играчи кои ќе добијат шанса да се афирмираат во големи ракометари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Главен спонзор на клубот ќе биде Алкалоид на чело со Живко Мукаетов. Партнер на клубот ќе биде и Кирил Лазаров со неговиот веќе добра познат бредн „КЛ7“.

„Овој проект е формиран за доброто на македонскиот ракомет. Чест ми е што сум дел. Заедно со Алкалоид ќе работи за доброто на нашиот ракомет. Мораме да оформие група на добри млади спортисти, такви проекти недостигаат кај нас. Ќе се трудиме да изградиме македонски ракометари кои во иднина ќе го носат македонскиот дрес. Најважната цел на овој проект е младите да имаат квалитетен тренинг и квалитетна тренерска работа. Спремни сме и да соработуваме со останатите клубови за доброто на македонскиот ракомет“, изјави Лазаров на денешното претставување на проектот.

„Поводот за овој собир е формирањето на ракометниот клуб Алкалоид. Клубот ќе се натпреварува во првата лига затоа што тоа е место каде што се кали челикот кога станува збор за младите ракометари. Ќе се обидеме младите играчи да ги насочиме на вистинскиот пат со правилна работа и спортски дух“, порача Мукаетов.

Претседател ќе биде Горан Минов кој е поранешен ракометар и е познат на македонската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…