Kaдетската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Подгорица.
По поразот од Франциај со 29:28, денеска подобра од Македонија беше Германија со 19:25.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонските ракометари парираа само едно полувреме на силниот противник по што попуштија во вториот дел. Германија по првото полувреме имаше само гол предност (9:10), а разликата почна да расте на почетокот од вториот дел.
Во најголем дел од второто полувреме Германците ја одржуваа предноста од 5-6 гола разлика. Не беше доволен за Македонија и одличниот настап на Самоил Ристевски кој постигна 11 гола.
Утре со почеток од 14:30 часот, Македонија го игра третиот натпревар, а противник ќе ни биде селекцијата на Полска.