Фудбалската репрезентација на Македонија 2022 година ќе ја заврши на 65-то место на ФИФА ранг листата.
На листата објавена по Мундијалот во Катар, на првото место и понатаму е Бразил, а на второто место е новиот светски шампион Аргентина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија со вкупно 1355 поени е на 65 позиција, а најдобриот пласман оваа година го имавме во март, кога бевме на 62-то место.
Во првата десетка се уште Франција, Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Голем скок направи четвртопласираната селекција на СП, Мароко, која е на 11 место.