Денес македонската ракометна репрезентација ги дозна последните три репрезентации меѓу деветте кои можат да ни се паднат во првото коло за баражот за СП 2023.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Внимание привлекува Италија, а терминот за бараж е на 14. и март. Па така постои можност во март да играме два баражи со Италија за пласман на СП. Веќе е познато дека фудбалерите ќе играат против Италија на 24-ти март во Палермо.
Кај фудбалерите Италија не беше посакуван противник, но со ракометарите е поинаку. Италија е посакуван ривал. Покрај Италијанците вчера последниот воз за баражот го фатија Фарски Острови и Белгија. Од претходно место имаа обезбедено: Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија и Финска.
Ждрепката ќе биде на последниот викенд од ЕП 2022 и тогаш ќе ја дознаеме првата пречка на патото до СП 2023 кое се игра во Полска и Шведска.