Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда отпадна од списокот на повикани играчи за претстојните два последни натпревари од Лигата на нации.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Чурлинов нема да може да настапи за македонската репрезентација против Грузија на 23. септември и Бугарија на 26. септември од групата во Лига на нации.
Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул.
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември во 12:00 часот во хотел Хилтон во Скопје.
Фото: ФФМ