Дома Фудбал Мадрид – синоним за историска и најлоша сезона во ерата на Кристијано Роналдо…

Мадрид – синоним за историска и најлоша сезона во ерата на Кристијано Роналдо…

Реал Мадрид има шанса да освои историска, трета во низа титула во Лигата на шампионите, но истовремено, ова е една од најлошите сезони во Ла Лига во последните 10 години.

Имено, Реал Мадрид моментално на своето конто има 72 бода, има шанда во најдобар случај, да ја повтори својата најлоша сезона во ерата на Кристијано Роналдо со 78 освоени бодови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Реал во првата сезона на Роналдо 2008/09, сезоната ја заврши со 78 бодови, Барселона тогаш беше шампион под водство на Пеп Гвардиола.

Реал Мадрид мора до крај да триумфира во двата меча, за да го изедначи својот најлош рекорд во последните 10 години.

Кога на тоа ќе се додаде дека Барселона во овој момент има 18 бодови повеќе, дека ја освои четвртата во низа титула во Купот на кралевите, додека Реал испадна од Леганес, јасно е дека за Мадриѓаните е вредна само победа во финалето од Лигата на шампионите.

Доколку триумфираат против Ливерпул, сите ќе зборуваат за третата во низа титула во елитното европско натпреварување, а не за најлошата сезона на домашната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…