Во рамки на Премиер лигата, Ливерпул ремизираше против Тотенхем на „Енфилд“ 2:2.
Обете екипи понудија интересен и возбудлив меч како што се очекуваше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Ливерпул се наметна во раната 3. минута, благодарение на погодокот на Салах, резултатска стагнација мечот продолжи се до финишот.
Имено во 80. минута со магичен погодок Ванјама израмни за Спарси, а по само 5 минути Кејн го имаше резултатскиот пресврт и трите бода в рака.
Но, Кејн промаши пенал, кој го шутираше кон средината на голот, па така резултатот во ова дерби остана непроменет. Но, ваквата неискористена шанса во своја корист ја претвори Ливерпул, кој преку маестрален погодок на Салах во 91. минута дојде до водство и речиси трите бода ги имаше повторно кај себе.
Кејн сепак, успеа да се поправи за грешката од 85. минута, па во 94. минута донесе ново реми, постигнувајќи фантастичен погодок