Дома Топ вести „Л’Eкип“ објави детали: Сите проблеми на Покетино со скапоцениот тим во Париз

„Л’Eкип“ објави детали: Сите проблеми на Покетино со скапоцениот тим во Париз

Кога во изминатитото лето на „Паркот на принцовите“ пристигнаа Лионел Меси, Џанлуиџи Донарума и Серхио Рамос многумина тврдеа дека ПСЖ изградил супер моќен тим, можеби и најдобриот на сите времиња.

Меѓутоа, имаше и такви кои предупредуваа дека ваквиот собир во една соблекувална може да ги подигне тензиите и да се создаде токсична атмосфера. И тие што вака зборуваа изгледа не беа далеку од вистината.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино неодамна се пожали дека многу повеќе време троши на смирувањето на тензиите во соблекувалната отколку на тактичката работа со екипата.

„Л’Eкип“ сега објави вест во која опишува колку соблекувалната на ПСЖ е поделена во последно време. Првиот проблем бил доаѓањето на Донарума во моментите кога Кејлор Навас беше прв голма ни бранеше во одлична форма. Навас не се бунел поради доаѓањето на Италијанецот, мирно ја прифатил конкуренцијата, а стручниот штаб се обиде да ги ротира во натпреварите. Но, тогаш екипата околу Донарума почнала да врши притисок и да ја доведува во прашање стратегијата на Покетино.

Исто така се пишува дека јужноамериканскиот клан во соблекувалната е една од причините поради кои Мбапе не сака да го продолжи договорот.

Непрофесионалното однесување на Нејмар му создавало проблем на Покетино и на почетокот на сезоната, а незадоволството на Бразилецот само дополнително го оддалечило од екипата. Бразилецот неодамна не се појави на церемонијата на потпишувањето со некои од клупските спонзори што ја разулти управата на ПСЖ.

Уште еден проблем во соблекувалната се различните привилегии на некои од играчите. На некои им се дозволува нешто што за други е строго забрането, па тоа создавало незадоволство.

Ноќните излегувања се една од најчестите теми во Париз, па така Меси после освојувањето на „Златната топка“ се забавувал со соиграчите до раните уитрински часови, а потоа заедно со сонародникот Леандро Паредес го пропушти тренинг. Официјалното соопштение од клубот беше дека се работело за гастроентеритис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…