Вечерашното дерби требаше да се игра на стадионот Сан Сиро, но тоа беше дерби само на хартија.
Челзи вторпат во шест дена го совлада Милан и покажа колку е голема моменталната разлика во квалитет меѓу Премиер лигата и Серија А. Шампионот на Италија немаше никакви шанси на овој двомеч. Црната вечер на италијанските клубови е комплетирана, откако претходно вечерва Јувентус беше поразен од Макаби Хаифа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлучувачкиот момент во Милано се случи во 17. минута. Маунт имаше шанса за гол во шеснаесетникот на Милан, Томори го повлече одзади, а судијата Зиберт покажа на белата точка и му додели директен црвен картон на стоперот на Милан и поранешен играч на Челзи. Жоргињо ја презеде одговорноста и го совладаТатарушану од белата точка, за 0:1 во 21. минута.
Шест минути подоцна, Оливие Жиру пропушти одлична шанса да постигне гол против својот поранешен клуб и да донесе израмнување на Милан. Тој од идеална позиција шутираше над голот. Казната дојде во 34. минута и тоа преку Обамејанг.
Во продолжение Челзи очекувано го прекина ритамот, а Милан пропушти можност да се врати во 59. минута. Леао се проби во свој стил, проигра покрај Дест, а овој очајно шутираше во позитивна позиција и ја испрати топката високо над голот.
Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид одиграа нерешено 1:1 во Варшава.
Европскиот шампион израмни во 95. минута со голот на Ридигер и со тоа ја продолжи серијата без пораз оваа сезона. Домашните поведоа преку Олександр Зубков на самиот почеток од вториот дел во 46. минута.