Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Меси стартуваше фуриозно за „покер“ на Барса, Интер до три бода со пресврт во финишот! (ВИДЕО)

ЛШ: Меси стартуваше фуриозно за „покер“ на Барса, Интер до три бода со пресврт во финишот! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни првите натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите, воедно ова беа и првите натпревари во новиот термин од 18:55 часот.

Барселона ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше против ПСВ со резултат 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбраната на холандскиот тим издржа се до 32-тата минута кога на сцена стапи Лионел Меси. Аргентинецот го постигна првиот гол во новата сезона во Лигата на шампионите и тоа со мајсторски гол од слободен удар.

Во првите 45 минути тоа беше и единствениот погодок.

Второто полувреме донесе слична ситуација на теренот повторно Барселона беше тимот кој имаше контрола, додека ПСВ создаваше по некоја закана.

Точка на надежите на Холанѓаните стави Осман Дембеле во 75 минута кога ја потврди својата одлична форма од Ла Лига и погоди за 2:0. Само две минути подоцна, Меси уште еднаш ја затресе мрежата на гостите за веќе високи 3:0.

И во финишот повторно го видовме Меси! Аргентинецот во на три минути пред истекот на регуларните 90 минути постигна гол за хет-трик и ги постави конечните 4:0.

Во вториот натпревар кој се играше во Милано повратникот во Лигата на шампионите Интер со два гола во финишот го совлада англиски Тотенхем.
На оваа средба трите погодоци ги видовме во вториот дел.

После осум минути игра во вторите 45 минути со малку чуден гол на Кристијан Ериксен Тотенхем стигна до предност.

Предноста на Англичаните беше актуелна се до 86-та минута кога најдобриот играч на Интер Мауро Икарди во 86-та минута погоди за 1:1, за во последните моменти од средбата Матија Весино да постигне погодок за целосен пресврт и важни три бода за „нероаѕурите“ на стартот од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…