Вечерва како и вчера во терминот од 21:00 часот се одиграа шест натпревари во Лигата на шампионите.
Натпреварот кој привлекуваше најголемо внимание се играше на „Камп Ноу“ каде што Интер и гостуваше на Барселона. Каталонците за овој натпревар не може да сметаат на услугите на Лионел Меси кој се повреди во првенството против Севиља.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина очекуваа неговото место во тимот да го превземе Осман Дембеле, но Ернесто Валверде изненади и на позицијата на Аргентинецот шанса од првата минута доби Рафиња.
Овој негов потег подоцна се покажа и како клучен.
Најважниот гол на натпреварот го постигна токму Рафиња и тоа после акција која тој ја започна во 32-та минута од натпреварот.
Точка на натпреварот стави Жорди Алба со голот на десетина минути пред крајот на средбата.
Иако победата беше минимална, Барса заслужено ги освои бодовите. Каталонците пропуштија, по неколку прилики во првиот и вториот дел за поубедлива победа. Во второто полувреме ја погодија и пречката од голот на Хандановиќ.
Наполи го изненади Пари Сен Жермен на гостински терен во Париз и славеше победа од 1:2.
Тимот на Карло Анчелоти до водство стигна преку Инсиње во 29-тата минута. ПСЖ успеа да изедначи после автоголот на Руи после еден час игра, Мертенс погоди за 1:2, а Ди Марија го спаси ПСЖ од пораз во последните секунди од натпреварот.
Во останатите натпревари Ливерпул со 4:0 ја победи Звезда, Порто на гости против Локомотив Москва стигна до победа од 1:3, Борусија Дортмунд со 4:0 го совлада Атлетико Мадрид, додека Галатасарај и Шалке одиграа натпревар без голови 0:0.