Дома Фудбал Лунин ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Лунин ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Реал Мадрид се договори со голманот Андреј Лунин за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Украинецот ќе остане на „Бернабеу“ уште четири години, а актуелниот договор на голманот истекува на крајот од тековната сезона.

„Марка“ тврди дека новиот договор меѓу двете страни ќе биде објавен до крајот на неделата.

Сомнежите на Лунин за потпишување нов договор со Реал Мадрид беа насочени околу неговата минутажа и присуството на голот по враќањето на Тибо Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…