Дома Фудбал Англија Лук Шо за карактерот на Ибра: Верувајте ми, не сакате да сте во тимот на Ибра ако изгубите, дури и н тренинг

Лук Шо за карактерот на Ибра: Верувајте ми, не сакате да сте во тимот на Ибра ако изгубите, дури и н тренинг

Лук Шо неодамна даде изјава со која го навлече гневот на навивачите на Ливерпул, имено тој е од оние кои сметаат дека Премиер лигата треба да ја поништи сезоната без да биде прогласен шампион. Сега во разговор со луѓето од ФИФА Шо откри кој играч оставил најголемо влијание врз него.

Во прашање е шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ. Ибра две години помина на „Олд Трафорд“ и тоа било доволен период левиот бек на Јунајтед да сфати каков победник е Швеѓанецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Искуството кое го носи со себе имаше големо значење на тренинзите, тој беше она што му треба на секој тим на тренинзите. Постар е но се уште може да игра на највисоко ниво. Имаше големо влијание во соблекувалната, се шегуваше со сите, но беше сериозен кога требаше да биде и тогаш сите сфаќаат дека не време за игри. Веднаш се забележува дека е роден победник, не сака да губи и на тренинзите. Ако не победи во некоја вежба или тренинг натпревар, а ти си од него тогаш мораш да бидеш внимателен. Тоа го правеше за доброто на тимот, многу добро знае како да го извади максимумот од соиграчите. Верувајте те ми не сакате да бидете во неговиот тим ако изгубите. Неговата повреда беше големо разочарување“, изјави левиот бек на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…