Дома Фудбал Лука Јовиќ: Роден сум да постигнувам голови! (видео)

Лука Јовиќ: Роден сум да постигнувам голови! (видео)

Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, напиша материјал за платформата „Плејерс Трибјун“.

21-годишниот српски репрезентативец ова лето се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ од Ајнтрахт, а „кралевите“ за неговиот потпис платија околу 70 милиони евра.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Понекогаш мислам дека така сум роден. Секој има талент во животот, и мислам дека тоа е мојот – да постигнувам голови. Не знам како всушност заиграв како напаѓач, но се сеќавам дека секогаш сум бил опседнат со желбата да постигнувам голови“, истакна Јовиќ.

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда стана најмлад играч кој постигна 5 гола во натпревар од Бундеслигата, минатата сезона против Фортуна.

„Кога бев млад, имав две видеокасети со сите голови на светски првенства, сите Мундијали до 2006 година. Бев воодушевен од Роже Мила од Камерун во 1990 година, како и Роналдо, оригиналниот Роналдо“, додаде Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…