Дома Топ вести Лука Јовиќ претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид

Лука Јовиќ претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид

Јовиќ е нов фудбалер на Реал Мадрид. Српскиот фудбалер денеска ги помина лекарските прегледи во Мадрид, а потоа потпиша договор со шпанскиот великан.

Јовиќ со Реал потпиша договор на шест години, а Ајнтрахт ќе инкасира 60 милиони евра со можност за дополнителна заработка низ одредени бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Третина од споменатиот износ ќе му припадне на неговиот поранешен клуб Бенфика со кој до пред два месеци беше под договор.

„Јас сум најсреќниот човек на светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многу титули.“ – изјави Јовиќ.

Лука Јовиќ во минатата сезона одигра 48 натпревари за Ајнтрахт во сите натпреварувања и запиша 27 погодоци и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …