Српскиот фудбалер Лука Јовиќ повторно е позитивен на коронавирусот соопшти Реал Мадрид.
Јовиќ добил позитивен тест после денешното колективно тестирање пред тренингот. Позитивна околност за српскиот фудбалер е што според новиот протокол на Ла Лига фудбалерите место 10 дена во изолација ќе бидат седум, па враќањето на Јовиќ се очекува наредниот четврток.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така Анчелоти на Јовиќ не ќе може да смета за неделното градско дерби против Гетафе, а нема да биде во комбинација и за куп дуелот против Алкојано.
Ќе потсетиме денес негативни тестови добија Куртоа, Валверде и Камвинга, па од позитивните случаи во Реал остана неговиот колега од нападот Винисиус Жуниор.
Далеку поголеми проблеми од Реал со коронавирусот има Барселона, Чави после најновите тестирања на располагање има само девет фудбалери – тука.