Македонскиот фудбалер Лука Станковски во потрага по поголема минутажа до крајот на сезоната ќе игра во турскиот второлигаш Тузласпор.
Во овој клуб Станковски пристигнува на позајмица од Газинатеп. Станковски по вторпат заминува на позајмица откако претходната сезона беше дел од словенечката Горица, тогаш замина затоа што неговиот клуб се откажа од натпреварувањето во Турција поради катастрофалниот земјотрес во таа област.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од Газиантеп Станковски е од 2022 година кога пристигна во овој клуб од Работнички, пред да потпише со турскиот клуб беше блиску до преселба во Монца, меѓутоа во последен момент таа опција пропадна.