Дома Останати Кошарка НБА Лука Дончиќ со нов трипл-дабл испиша историја во НБА (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со нов трипл-дабл испиша историја во НБА (ВИДЕО)

Со нов одличен настап Лука Дончиќ обезбеди нова победа за Далас.

Далас во Кливленд дојде до четвртата победувајќи ги Кавси со 111:131. На паркетот доминираше кој друг ако не младиот Словенец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дончиќ оствари трипл-дабл уфрлувајќи 29 поени, 14 скокови и 15 асистенции, го следеше Порзингис со 18 поени и девет скокови. На другата страна Кевин Лав стигна до 29 поени и осум скока.

Лука стана првиот играч после Оскар Робертсон во 1965 година кој на два натпревари во низа постигнал 25 или повеќе поени со 15 асистенции и 10 скокови. Ова му беше 11-ти трипл-дабл и седми со најмалку 25 поени. Со 15 асистенции стана само вториот играч во историјата на Далас кој два натпревари во низа имал толку додавања, а првиот е Џејсон Кид.

И да има само 20 години!

Победничката низа на Лос Анџелес Лејкерси (103:96) се продолжи и во Сан Антонио. Ентони Дејвис имаше 25 поени и 11 асистенции, додека Леброн оствари учинок од 21 поен, 11 асистенции и 13 скока. Кај Спарси подобар од останатите беше Мареј со 19 поени и 11 скока.

Од стартот на сезоната Лејкерси имаат пет победи и еден пораз, додека Спарси се на скор 4:2.

Во Стејплс Центарот ЛА Клиперси предводени од Ленард кој уфрли 30 поени и додаде шест скока ја совладаа Јута (105:94), додека Мајами му одржа лекција на Хјустон (129:100). Робинсон со 23 и Ленард со 21 го предводеа Мајами додека Харден уфрли 29 поени кај Хјустон, а Вестбрук само 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…