Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.
Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и држеше час по кошарка во Њу Орлеанс и со нов дабл-дабл ја прекина серијата од шест порази во низа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот од Тексас славеше со резултат 122:119, а Словенецот одигра одлично во последната минута и од линијата за слободни фрлања ја обезбеди победата на Далас.
За 31 минута Дончиќ уфрли 21 поен, запиша 10 асистенции и девет скокови. Значи, еден скок го делеше од првиот трипл-дабл во НБА лигата.
https://youtu.be/2Utx1CW1MyM
Деандре Џордан со 20 поени и 12 скокови му беше најголема поддршка на Дончиќ, додека Бареа имаше учинок од 18 поени и седум асистенции. Барнс и Харис имаа по 16, а Клебер 10.
Ентони Дејвис беше најдобар кај Њу Орлеанс. Постигна 32 поени и маше 18 скокови. Холидеј забележа 25 поени, шест асистенции и пет скокови, а Рендл уфрли 23.
Исклучувањето кое го зработи против Клиперси очигледно влијаеше на Никола Јокиќ во натпреварот против Сан Антонио.
Неговиот Денвер беше поразен од Спарсите со резултат 111:103, а Јокиќ го одигра еден од најлошите натпревари во НБА лигата. За 31 минута на паркетот уфрли само четири поени, запиша 10 асистенции и пет скокови.
Ернангомез беше најефикасен кај Денвер со 27 поени и 13 скокови. Бизли уфрли пет помалку, но и додаде седум скокови, Морис имаше 15, а Крег 10.
Демар Дерозан и Лемаркус Олдрџи беа главни адути на Сан Антонио во овој натпревар. Првиот постигна 30, а другиот 27 поени. Ги следеа Форбс со 15 и Белинели со 12 уфрлени поени.
НБА резултати
Детроит – Вашингтон 106:95
Орландо – Феникс 120:122
Атланта – Индијана 121:129
Бруклин – Шарлот 134:132
Мајами – Торонто 104:106
Чикаго – Минесота 94:119
Мемфис – Кливленд 95:87
Далас – Њу Орлеанс 122:119
Сан Антонио – Денвер 111:103
ЛА Клиперси – Сакраменто 127:118