Легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски одлучи да се проба во нов спорт.
Прославениот напаѓач одлучи да се проба во хокеј на мраз и ќе заигра за неговиот омилен клуб Колнер Хаие.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Подолски овој клуб го спаси од банкрот. Имаше големо влијание во алармирањето на навивачите да се спаси клубот и вети дека ќе заигра хокеј ако се продадат 100.000 виртуелни влезници.
Тоа на крајот и беше направено. Клубот доби значителни средства за да се спаси, а Подолски се огласи.
„Среќен сум и благодарен на сите кои ни помогнаа. Кога се ќе се смири ќе седнеме со клубот и ќе се договориме. Во секој случај се радувам што ќе бидам играч на Хаие“, изјави Подолски.