Дома Топ вести Лукаку му кажа ДА на Челзи, Интер добива 130 милиони

Лукаку му кажа ДА на Челзи, Интер добива 130 милиони

Челзи не се откажува од намерата да го донесе Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“ и преговорите се во напредна фаза.

Интер ја одби првата понуда од 100 милиони евра, но Челзи испрати нова понуда од 130 милиони евра која „нероаѕурите“ не можеа да ја одбијат.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Притоа, „сините“ на Лукаку му нудат двојно поголема плата, односно 15 милиони евра по сезона, па неговиот агент притиска Белгиецот да ја прифати понудата.

Последните информации се дека Лукаку му кажал ДА на Челзи и е спремен да се врати во Премиер лигата, па трансферот би требало да биде комплетиран во наредните денови.

Двата клуба ги договараат последните детали, а Интер ќе добие 120 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …