Дома Фудбал Англија Лукаку е во голема криза: Што се случи во светот од кога последен пат погоди на „Олд Трафорд“?

Лукаку е во голема криза: Што се случи во светот од кога последен пат погоди на „Олд Трафорд“?

Напашачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се наоѓа во голема голгетерска криза кога во прашање се погодоците на „Олд Трафорд“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лукаку пред една година дојде како големо засилување во Манчестер Јунајтед и беше солиден во првата сезона. Поради тоа навивачите на овој клуб во оваа сезона очекуваа подобри настапи, но Лукаку изгледа непрепознатливо.

Неверојатно звучи податокот дека Белгиецот уште од март не постигнал гол на „Олд Трафорд“. Навивачите се незадоволни од неговите настапи и голем дел од нив бараат продажба на Лукаку и доведување на нов напаѓач.

Англичаните направија една интересна споредба кога во прашање е кризата на Лукаку.

Откако Лукаку го постигна последниот гол на „Олд Трафорд“ се случија следните работи: Килијан Мбапе освои четири трофеи, заврши целата сезона во Формула 1, 14 министри во Велика Британија си поднесоа поради Брегзит и во светот се родени околу 92 милиони бебиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Соништата се едно, реалноста е друго: Бернардо Силва сака да игра за еден клуб, но тоа е (не)возможно!?

Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и неговата желба повторн…