Дома Фудбал Италија Лукаку: Ако почнам да зборувам многу луѓе ќе се шокираат

Лукаку: Ако почнам да зборувам многу луѓе ќе се шокираат

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку минатото лето замина од Челзи и се пресели во Рома, иако преговараше претходно со Интер и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лукаку призна дека имал неколку добри понуди од Саудиска Арабија, но немал добро чувство за преселба во државата и затоа решил да остане во Италија.

Напаѓачот се прилагоди во Рим и почна да постигнува голови за екипата на Жозе Мурињо, па постои можност да биде откупен идното лето.

„Разговарав со претставници на Ал Хилал, тоа е еден од најголемите клубови во С. Арабија, но имав лошо чувство. Летово слушав многу глупости. Повеќе од луѓето во оваа сала ме познаваат и ќе дојде време кога ќе ја кажам вистината, а голем дел од нив ќе бидат во шок“, кажа Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…