Дома Фудбал Останато Луис Фиго 19 години подоцна го објасни трансферот од Барселона во Реал Мадрид

Луис Фиго 19 години подоцна го објасни трансферот од Барселона во Реал Мадрид

Луис Фиго во 2000 година стана предвик за навивачите на Барселона.

Во трансфер вреден 62 милиони евра Фиго го напушти Реал Мадрид и потпиша со големиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа навивачите на Барселона никогаш не му го простија, а 19 години подоцна Португалецот откри зошто се одлучил да направи ваков трансфер.

„Кога сакате промени секогаш го сакате најдоброто за себе. Првата логична промена ја направив кога од Португалија се преселив во Шпанија. Бев млад и барав нов предизвик кој ќе ми даде поголем престиж“, изјави Фиго.

Потоа започна да зборува за трансферот кој му ја обележи целата кариера.

„Одлуката да преминам во Реал Мадрид дојде од неколку причини. Сакав трофеи, сакав да напредувам во секој сегмент: економски, со титулите, престижот…Потоа преминав Интер и ја барав својата фудбалска среќа“, изјави Фиго.

Легендарниот Португалец во Реал остана пет години. Одигра вкупно 239 натпревари и постигна 57 голови во дресот на „кралевите“. Интересно е што и во Барселона и во Реал Мадрид освои по седум трофеи. Меѓутоа трансферот во Реал Мадрид го направи како актуелен европски шампион со Барселона.

За Барселона Фиго настапи на 249 натпревари и постигна 45 погодоци. Во репрезентацијата на Португалија за која ги помина сите младински категори за сениорскиот тим постигна 32 гола на 127 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…