Дома Фудбал Лига на шампиони Луис Енрике: Еден гол ќе дадеме ние, вториот Камп Ноу, а третиот ќе дојде сам!

Луис Енрике: Еден гол ќе дадеме ние, вториот Камп Ноу, а третиот ќе дојде сам!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике е оптимист пред реваншот против Јувентус и вели дека неговиот тим нема што да загуби во тој натпревар.

Луис Енрике се надева дека неговиот тим може да го повтори мечот против ПСЖ кога Каталонците бркаа заостанување од четири гола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ако се сеќавате бркавме четири гола, не одигравме баш најдобро, но поминавме. Утре вечер треба да бидеме совршени, не само ефикасни“, изјави Енрике.

Тренерот на Барселона има своја теорија како да ја анулира предноста од 3:0 која ја носи Јувентус од првиот меч во Торино.

„Да постигнеме еден гол ние, Камп Ноу ќе го донесе вториот, третиот ќе дојде сам по себе“, објаснува Луис Енрике.

„Се надевам дека никој нема да го напушти стадионот уште во 80-та минута. Сигурен сум дека навивачите ќе имаат можност да доживеат уште една историска вечер. Барса може да постигне три гола за три минути“.

„Немаме што да загубиме, противникот веќе го има полуфиналето во џеб. Ќе треба да одлучат дали да се бранат или да напаѓаат. Ние немаме избор, морама да напаѓаме, напаѓаме, напаѓаме“, заклучи стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…