Жерард Пике често го крева гласот против арбитрите во Примера, а особено гласен во нападите беше после натпреварот со Виљареал кога ги обвини судиите дека ги оштетите Каталонците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Барселона, Луис Енрике сепак не се согласува со начинот на кој што неговиот фудбалер се справи со целата ситуација и испрати критика за неговото однесување.
„Лесно е да плачеш и вината да ја наоѓаш кај судиите и нивните одлуки. Пике е важен дел од нашата екипа и секој си има право на свое мислење. Мислам дека треба заедно да најдеме решение за да избегнеме слични ситуации во иднина. Неприфатливо е клуб како Барселона постојано да се жали на судиските одлуки. Се надевам дека Пике нема да добие казна“ , изјави Енрике.
Пике сеге се наоѓа пред дисципинска постапка поради скандалот кој го направи на „Ел Мадригал“ па може да добие суспензија од неколку натпревари.