Дома Трансфер зона Луд ли е Де Лаурентис?! Ова е цената за Кулибали!

Луд ли е Де Лаурентис?! Ова е цената за Кулибали!

Калид Кулибали е еден од најбараните дефанзивци на трансфер пазарот, но неговата цена не е премногу прифатлива.

Дефанзивецот на Наполи, Кулибали се разви во еден од најдобрите стопери на денешницата, па поради тоа првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на секој начин се обидува од него ако заминува да извлече максумум.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гиганти како Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Јувентус, Манчестер Сити…Сакаат да го видат Кулибали во своите редови и поради тоа Де Лаурентис сака да добие голема сума. Меѓутоа ако се точни информациите на дописникот за „Скај“ од Неапол тогаш можеби првиот човек на овој клуб и малку претерал.

Карло Алвино е дописник за „Скај“ од Неапол и тврди дека Наполи ја одредил цената за Кулибали.

„Кулибали има клазула од 150 милиони евра и оној кој сака да го купи ќе мора да ја плати таа сума“, гласи кратката порака на Алвино.
27 годишниот стопер од 2014 година е член на Наполи, претходно го носеше дресот на Мец и Генк. За репрезентацијата на Сенегал настапи на 32 натпревари.

Во овие два месеци кои се пред нас ќе се покаже дали некој клуб ќе се реши да плати толкава сума за Кулибали.

https://www.youtube.com/watch?v=mBU49pNzWTg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…