Дома Македонски спорт Мак фудбал Лудо ветување на газдата на Лапи: Ако го елиминирате Шкупи имате 30.000 евра по играч!

Лудо ветување на газдата на Лапи: Ако го елиминирате Шкупи имате 30.000 евра по играч!

Шкупи во Скопје си создаде одлична предност за реваншот против Лапи на гостински терен (2:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дека Шкупи е поквалитетен тим можеше да се види и на теренот, па ако се случи Лапи да направи некаков пресврт тоа ќе биде вистинска сензација.

Натпреварот се игра утре во Приштина од 20:00 часот, а медиумите во Косово објавија дека газдата на Лапи на играчите им ветил неверојатна премија од 30.000 евра по играч ако го елиминираат Шкупи.

Ова е навистина огромна сума ако се знае дека станува збор за квалификации во Конференциска лига. За играњето во првото коло Лапи ќе добие 150.000 евра, а ако се пласира во следната фаза плус 350.000 евра, па така сите заработени пари ќе одат за премии на играчите.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …