Дома Останати Кошарка НБА Лудница на Истокот во НБА: Сите тимови кои бркаат плеј-оф – изгубија!

Лудница на Истокот во НБА: Сите тимови кои бркаат плеј-оф – изгубија!

Орландо, Мајами, Детроит и Бруклин ќе мораат на поправен во наредните денови.

Завршницата во регуларниот дел од НБА лигата е повеќе од возбудлива за тимовите кои се на граница на плеј-офот, посебно е интересно во источната конференција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во тесна борба се Детроит (6 – 39:38), Бруклин (7 – 39:39), Мајами (8 – 38:39) и Орландо (9 – 38:40), а интересно е што сите овие четири тима претрпеа порази изминатата ноќ, па поредокот на табелата не се менуваше.

Пистонси беа поразени на гостувањето кај Индијана 111:102, Мајами изгуби од Бостон 110:105, Орландо во Торонто 121:109, а Бруклин од лидерот Милвоки со 131:121.

Првите две места се практично решени, Бакси се први и таму ќе останат, Рапторси тешко би можеле да ги поминат, Филаделфија е безбедна на третата позиција, а интересна борба се води за четвртото место помеѓу Бостон и Индијана кои во овој момент се изедначени со 46:32.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Детороит 111:102

Бостон – Мајами 110:105

Бруклин – Милвоки 121:131

Њујорк – Чикаго 113:105

Торонто – Орландо 121:109

Минесота – Портланд 122:131

Далас – Филаделфија 122:102

Јута – Шарлот 111:102

Феникс – Кливленд 122:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…