Дома Фудбал Репрезентации Лудило: За балканското дерби во Подгорица билети се продаваат и по 5.000 евра?!

Лудило: За балканското дерби во Подгорица билети се продаваат и по 5.000 евра?!

Во рамките од второто коло во квалификациите за Европското првенство вечерва се игра и балканското дебри помеѓу Црна Гора и Србија во Подгорица.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересот за овој натпревар предизвика огромен интерес во регионот, билети во официјална продажба повеќе нема. Во вакви ситуации секогаш се појавуваат и личности кои сакаат да ја искористат ситуацијата и добро да заработат.

Така на социјалните мрежи се појави оглас во кој цената за билетите за оваа средба достигнува и до 5.000 евра, зависи кога биле купени билетите.

„Цената на билетите е 499 евра. Заинтересираните нека се јават во инбокс. До полноќ цената ќе биде 999%. Како што ќе се доближува почетокот на натпреварот цената ќе расте и до 4.999% евра, па така препорачувам на сите заинтересирани да се јават и да уживаат во магијата на Јовиќ, Савиќ, Тадиќ, Влаховиќ, Митровиќ и останатите“, стои во огласот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…