Дома Фудбал Лоши спомени за Рамос по дербито со Атлетико: Еве како ќе продолжи понатаму…

Лоши спомени за Рамос по дербито со Атлетико: Еве како ќе продолжи понатаму…

Капитенот на мадридски Реал, Серхио Рамос добро ќе го запамети синоќешното градско дерби против Атлетико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот дефанзивец во овој дуел заработи тешка повреда. Скршен му е носот откако пред крајот на првото полувреме заработи удар од Лукас Ернандез.

Рамос не можеше да го продолжи мечот. Повредата беше едноставно претешка, крвта не престана да тече, па наместо него во второто полувреме заигра Начо.

„Кралевите“ не добија убави вести по мечот. На нивниот капитен му е скршен носот, што беше очигледно и на теренот и тој би можел да отуствува одреден период.

Сепак, со оглед на тоа дека на Реал му претстојат важни натпревари, веројатно во следниот период Рамос ќе игра со заштитна маска.

Со ремито против Атлетико, Реал падна на третата позиција во Ла лига со 24 бода, десет помалку од водечката Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри сака да донесе фудбалер од средниот ред на Милан во Наполи

Иако Масимилијано Алегри сè уште официјално не го презел тренерското место во Наполи, веќе…