Нашиот најдобар ракометар го повреди коленото.
Тешкиот пораз од Шпанија (20:31) на нашата репрезентација не е најлошата работа која вчера ни се случи. Во раната фаза од натпреварот се повреди нашиот капитен, Кире Лазаров и повеќе не се врати на теренот. Според информациите, првенството за Лазаров е завршено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека Лазаров нема да може да игра во следните два натпревари и најочигледно е дека без него ќе бидеме до крај на првенството“, изјави Гонзалес.
И покрај вечерашниот пораз, ние се уште имаме шанси за полуфинале, шансите ќе ги бараме против Чешка и Данска, но секако без капитенот тоа ќе биде тешко да се постигне.