Дома Фудбал Италија Лоши вести за Милан: Познато колку ќе паузираат Донарума и Пакета!

Лоши вести за Милан: Познато колку ќе паузираат Донарума и Пакета!

Милан синоќа одигра само реми 1:1 против Удинезе, но тоа не беше единстевната лоша вест за „росонерите“.

Натпреварот против Удинезе пред време го завршија Џиџо Донарума и Лукас Пакета поради повреда. На двајцата денес му беа направени детални лекарски прегледи и познато е колку време ќе бидат надвор од терените.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Донарума има истегнување на бутниот мускул, па ќе треба да паузира околу две недели. Младиот голман сигурно ќе го пропушти дербито со Јувентус во сабота, а е под знак прашалник и за мечот со Лацио.

Поведата на Пакета е посериозна. Бразилецот има повреда на глуждот и ќе треба подолго време да биде надвор од теренит. Од Милан стравуваат дека има и оштетување на лигаментите, а тоа ќе значи и крај на сезоната за плејмејкерот.

„Росонерите“ моментално се во резултатска криза, па на последните три меча освоија само еден бод. Со тоа додатно си ја искомплицираа позицијата за пласман во Топ 4. Поради тоа ова се додатни лоши вести за Џенаро Гатузо, бидејќи Пакета и Донарума се исклучително важни фудбалери за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…