Дома Фудбал Лига на шампиони Лоши вести за Милан: Без Ибрахимовиќ против Ливерпул

Лоши вести за Милан: Без Ибрахимовиќ против Ливерпул

Лоши вести пристигнуваат за Милан пред утрешниот натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Утре Милан гостува кај Ливерпул на „Енфилд“, а според последните информации од Италија, Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти овој натпревар.

Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ има проблеми со ахиловата тетива и ќе мора да паузира.

Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ се врати на терените изминатиот викенд против Лацио после долгата пауза, а во тој натпревар постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…