Дома Топ вести ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВАЛВЕРДЕ: Барса остана без џокерот за Ел Класико

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВАЛВЕРДЕ: Барса остана без џокерот за Ел Класико

barca

Барселона со 4:0 го победи Депортиво и му победна на Реал дури 11 бода со натпревар повеќе.

Гостите на крајот и добро поминаа, бидејќи во овој натпревар Меси имаше низа на промашувања. Сепак, дуелот на „Камп Ноу“ го обележи и повредата на напаѓачот на Барса, Пако Алкасер, кој ќе мора да паузира подолго време. Токму поради тоа ќе го пропушти и претстојното Ел Класико.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барса објави дека шпанскиот напаѓач заработил повреда на мускулот на левата нога и дека на тимот ќе се приклучи за три недели. Каталонците очекуваат дека би можел да заигра во натпреварот против Леванте, 7. јануари следната година.

Сепак, Ернесто Валверде е загрижен поради оваа информација, бидејќи поранешниот играч на Валенсија би требало да биде еден од џокерите за дуелот против Реал. Алкасер пристигна на „Камп Ноу“ уште во 2016. година од редовите на Валенсија, но до сега не ги оправда очекувањата.

Оваа сезона одигра 12 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет гола со три асистенции. Валверде има голема доверба во него, додека Делофеу потполно разочара…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…