Барселона во средата пред своите навивачи славеше против Борусија Дортмунд со 3:1и така го обезбеди пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Каталонскиот клуб до победата стигна предводен од Лионел Меси кој беше и тоа како расположен за игра. Аргентинецот постигна еден гол и запиша две асистенции во својот 700. настап во дресот на Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од првата минута заигра и Осман Дембеле кој неодамна се опорави од повредата. Сепак, после само 25 минути Ернесто Валверде мораше да го замени затоа што повторно се повреди.
Демебеле има големи проблеми со повредите откако за 140 милиони евра пристигна од Борусија Дортмунд летото 2017 година. Навивачите на „Камп Ноу“ го испратија со свирежи затоа што сметаат дека ниту малку не ја оправдал сумата вложена во него.
Против Борусија тој повторно ја повреди задната ложа и сигурно нема да биде во конкуренција за настап во „Ел Класико“. Од клубот соопштија дека Дембеле ќе пропушти шест натпревари и дека оваа година повеќе нема да игра.
Очекувањата се Дембеле на терените да се врати на почетокот на јануари 2020 година до тогаш ќе ги пропушти натпреварите против: Атлетико Мадрид, Мајорка, Интер, Сосиедад, Реал Мадрид и Алавес.