Тотенхем потврди дека напаѓачот Хари Кејн поради повреда на мускулот ќе мора да отсуствува од терените еден месец.
Со тоа се потврдија песимистичките прогнози на Мурињо дека повредата на голгетерот е тешка и бара подолг период на рехабилитација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можеме да потврдиме дека Хари Кејн се здоби со пукнување на бутниот мускул на левата нога. Нашата лекарска служба ќе го надгледува неговото закрепнување“, објави Тотенхем.
Враќањето од казна на Сон е добра вест за Мурињо, со тоа што Кореецот ќе може да игра на врвот на нападот во отсуство на Кејн, бидејќи лондонскиот тим нема друг централен напаѓач.
Тотенхем момемтално се наоѓа на 6-то место на табелата, а во следниот меч во Премиер лигата, на 11-ти јануари, ќе ги одмери силите со лидерот Ливерпул.