Американците не се пласираа на Светското првенство во Русија, па поради тоа ќе имаат промена на тренерското место.
Како прв кандидат за клупата на САД се истакнува легендарниот Французин, Лоран Блан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Блан е поранешен тренер на Бордо, ПСЖ и националниот тим на Франција, а во овој момент е без ангажман.
Управата на САД е во потрага по замена за Брус Арен кој беше отпуштен откако САД остана без пласман во Русија минатата недела.
Искусниот 51 годишен стручњак веќе доби неколку понуди од американските клубови во текот на летото, но и од Фенербахче и Анталиспор. Добро известениот „Франс Фудбал“ тврди дека Блан е голема желба на Американците уште од септември.
Во овој момент репрезентацијата на САД е предводена од Таб Рамос селекторот на тимот до 20 години, а покрај Блан во игра за тренер на САД се Питер Вермес и поранешниот тренер на Барселона, Херардо Тата Мартино.